Обележани пешачките премини во градот
14.06.2013 08:56
| KumanovoNews
Пешачките премини пред општинската зграда, поштата, катастарот и на повеќе други локации во централното градско подрачје се исцртани со бела боја.
Забележав дека се исцртани пешачките премини и така треба. Поубаво изгледа и пешаците ќе можат полесно да се ориентираат каде треба да поминат. Обележани пешачки премини се од корист за внимателните пешаци и тоа треба да се одржува - вели Виторија Давитковска, граѓанин.
Обележување на пешачките премини од локалните власти побараа и граѓаните кои потегнаа иницијатива за решавање на сообраќајниот хаос, прашање за кое се дискутираше на последната седница на Советот на Општина Куманово.