Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ на 26 месецов ќе се оддржи обука за е - даноци организирана од Управа за јавни приходи.
За учество потребна е регистрација, односно најава најдоцна два дена пред почетокот на обуката која е бесплатна.
Може да учествуваат правни лица, самостојни вршители на дејност и сметководствени бироа.
Учесниците на обуката треба да имаат основни познавања од интернет комуникација.
На еднодневната обука ќе бидат презентирани практични примери и дел од регулативата за користење на е - услугите на Управата за јавни приходи.
Месецов УЈП има зацртано да оддржи обуки на иста тема во 23 града во Македонија.