Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Триесетина млади луѓе денеска протестираа пред зградата на Општината Куманово незадоволни што неможат да се вработат во општинската администрација.
Тие тврдат дека биле одбиени на конкурсите за работни места во Општината затоа што немале партиски книшка на СДСМ, и не биле во роднински врски и полтрони на градоначалникот и водството на СДСМ, а други останале без работа поради истите причини.
Нашиот недостаток за вработување во кумановската Општина не е недостаток на образование, недостаток на обученост, туку немање на партиска книшка на СДСМ, иста онаква каква што има Зоран Дамјановски Циц. Очигледно Струмица не е единстевниот пример. Куманово е заложник на партиските интереси на Зоран дамјановски и неговата СДСМ.Господине Дамјановски и ние обичните граѓани имаме право на работа и пристојна егзистенција, како што тоа го имаат Вашите партиски членови- изјави Тамара Петрушевска, која се претстави како претставник на независна група граѓани.
На прашањето ако се независни граѓани зошто не реагирале и кога беа отпуштени вработените на Центарот за социјални работи, Петрушевска кратко изјави:
Тогаш не излеговме, но јас мислам дека тоа е една шпекулација и не би се осврнала на тоа да го коментирам,бидејќи мислам дека тоа е невистина-изјави Петрушевска.