×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Oд денеска бесплатно тестирање за ХИВ во Младинскиот центар „Сакам да знам“ во Скопје

    18.11.2024 09:58 | KumanovoNews

    По повод Европската недела на ХИВ тестирање и месецот на машкото здравје, ХЕРА – асоцијација за здравствена едукација, под мотото „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“ им овозможува на сите заинтересирани граѓани во периодот 18 до 23 ноември бесплатно и доверливо да се тестираат за ХИВ и други сексуално преносливи инфекции во Младинскиот центар „Сакам да знам“ на Водно.

    Oд денеска бесплатно тестирање за ХИВ во Младинскиот центар „Сакам да знам“ во Скопје

    Истражувањата покажуваат дека една од најголемите пречки за справување со ХИВ е доцната дијагноза, затоа превенцијата и раното откривање на ХИВ се клучни.

    Со раното откривање на ХИВ и навремениот третман, целосно се спречува  ризикот од понатамошно пренесување на инфекцијата по сексуален начин. Антиретровирусната терапија покрај тоа што им овозможува на лицата со ХИВ да живеат долго и квалитетно, е ефективна превенција на ХИВ, бидејќи го намалува вирусот на недетектибилно ниво, а со тоа оневозможува натамошен пренос.

    Резултатите се доверливи и се добиваат за само 20 минути, а услугите вклучуваат и тестови за други сексуално преносливи инфекции како сифилис, гонореја и кламидија.

    Ноември е месец на грижата за машкото здравје и затоа посебно ги охрабруваме сексуално активните момчиња и мажи да се обратат во Младинскиот центар „Сакам да знам“ кој се наоѓа на ул. „Елисие Поповски Марко“ бр.2, од 18 до 23 ноември секој работен ден од 15 – 18ч. и сабота од 12 -15ч.

    Термин за бесплатно тестирање можете да закажете на телефонскиот број 02/ 3176 – 950, или онлајн.

    Европската недела на ХИВ тестирање, која ќе се одржи од 18 до 25 ноември, им нуди на партнерите низ Европа единствена можност да се обединат за да ја зголемат свеста за придобивките од раното тестирање за ХИВ, хепатитис и СПИ кај оние кои се изложени на ризик и да промовираат зголемен пристап до тестирање. Оваа иницијатива нуди бесплатни, анонимни и доверливи тестирања за ХИВ на различни локации низ државата, соопшти ХЕРА.