×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од минирања во каменолом, споменикот „Зебрњак„ ќе падне

    28.05.2010 07:30 | KumanovoNews

     Спомен костурницата на паднатите борци во Кумановската битка „Зебрњак„ во селото Младо Нагоричене секој момент може да се урне од експлозиите кои се вршат во блискиот каменолом.

    Од минирања во каменолом, споменикот „Зебрњак„ ќе падне

     Овој културно-историски споменик од прв ред, стар над 70 години тешко ќе ги преживее големите количина на експлозив и силните детонации што секојдневно го тресат, ако тие наскоро не запрат. Експлоатацијата на каменот го врши  Г.П. “Гранит“ - Скопје, кое  пред  шест години добило забрана за минирање во близина на споменикот, но не ја почитува.

     Во писмо од Министерство за култура од 17.03.2004 година не известуваат дека Државниот инспекторат за техничка инспекција, донел Решение за забрана за вршење на понатамошни активности во близина на споменикот. Но наместо работите да запрат, површинскиот коп за експлоатација напредува директно кон Спомен- костурницата и се доближи на одалеченост на околу 80 метри. На оделни делови од објектот веќе се забележуваат пукотини и ако се продолжи со потресите наскоро ќе падне-вели Миодраг Јовановиќ градоначалник на Старо Нагоричане.

     Со експлоатацијата на камен се предизвикува штета и на чистата животна средина, а се загрозуваат луѓето, добитокот и се нарушува стабилноста на домовите на месното население, велат од Општината.

    Г.П. “Гранит“ - Скопје, кое е одговорно за експлоатација на минерална суровина во близина на „Зебрњак„, само завчера постави и употреби повеќе од 250 килограми  експлозив со што не само што го уништува споменикот, туку ќе го урне и целиот рид каде што се наоѓа. Спомен- костурницата е созидана со обичен варов малтер и базалтни блокови, и како градежна конструкција е мошне чуствителна на потресите и ударите од еластичните бранови што се јавуваат при секое минирање- објаснува Јовановиќ.

    Немоќни сами да го решат проблемот од Општината Старо Нагоричане апелираат до надлежните државни институции да им помогнат и да не дозволат споменикот да го снема поради економски интерси на поединци, кои не го почитуваат културното наследство во малите општини и одлуките на државата.

    Со договор на владите на Македонија и Србија овој споменик на паднатите борци во Кумановската битка од 1912 година треба да се обнови и да стане туристичка понуда во регионот.