Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Уписите за учениците во основното музичко училиште "Панче Пешев" во Куманово завршуваат до утре, а од среда започнува наставата. Досега се запишале вкупно 292 ученика.
Сите заинтересирани ученици кои сакаат да се запишат кај нас ќе можат тоа да го сторат тоа уште во овие два дена. Годинава учениците се запишаа на инструментите пијано, хармоника, виолина, гитара, кларинет, труба и соло пеење, но најголем интерес досега младите покажаа за пијано. Драго ми е што бројот на новите ученици се зголемува секоја година. Наставата ќе ја изведуваат 14 наставници, кои се соодветни за потребите на училиштето - вели Светлана Трајковска директорката на музичкото училиште.
Во училиштето има уште триесетина слободни места за кои се очекува да се поплнат денеска и утре.