Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Битката на Пелинце се случила на 13 јануари 1944 година на влезот во селото, кога се судриле батаљонот Никола Јорданов Орце, предводен од командантот Христијан Тодоровски-Карпош и бугарскиот полициски окупатор.
По повод битката на Пелинце денеска на Споменикот на паднатите борци Ангел Лазаревски-Шајче и Трифун Ангеловски-Летеќи, венци и свежо цвеќе положија претставници од Сојузот на борците, локалните самоуправи на Куманово и Старо Нагоричане, АРМ, градинаката, невладини организации и граѓани почитувачи на НОБ. Пред присутните за значењето на битката зборуше Благе Јакимовски, член на Сојузот на борците.
Битката на Пелинце се случила на 13 јануари 1944 година на влезот во селото, кога се судриле батаљонот Никола Јорданов Орце, предводен од командантот Христијан Тодоровски-Карпош и бугарскиот полициски окупатор. Во битката загинале Ангел Шајче и Трифун - Летеќи, кои биле единствените жртви, додека бугарите загубиле 18 полицајци, а 25 биле заробени. Големата победа на окупаторот ја зацврстила ослободената територија на козјачието, по што е формирана Трета македонска ударна бригада.