Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово утре од 12.30 до 13 часот на Градскиот кеј кај тениските игралишта ќе го одбележи Денот без автомобили.
Симболично учесниците во настанот ќе возат велосипеди на булеварот “Октомвриска револуција“ и со тоа ќе испратат силна порака за мудро одбирање на начин на секојдневен транспорт и придонес во намалување на загадувањето. Оваа активност е во рамки на европската кампања Европска недела на мобилност.