×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбиените бараат повторување на огласот во “Македонски шуми“

    09.10.2013 15:06 | KumanovoNews

     Граѓани од Куманово кои аплицирале на конкурсот за вработување во ЈП “Македонски шуми“ сметаат дека изборот на кандидати е направен на нетранспарентен начин.

    Одбиените бараат повторување на огласот во “Македонски шуми“

    Тие тврдат дека меѓу вработените има повеќе лица од едно семејство, како и повратници од странство. Затоа бараат поништување на конкурсот за да се примат на работа оние кои навистина заслужуваат.

    И повеќе од максимум ги исполнувам условите. Има завршено високо образование, цели 27 години редовно се пријавувам во Агенција за вработување и никогаш не сум била вработена.Ги приложив сите документи, сите сертификати. На телевизија беше кажано дека ова ќе биде шанса за луѓе кои немале врски и не се вработиле досега. Примени се луѓе кои досега работеле на повеќе работи места.  Слушнав дека меѓу избраните има невработени кои скоро се вратени од Авганистан. Правдата не е задоволена и мислам дека треба да се направи ревизија на тој избор - изјави Ј.Ј. од Куманово.

    Од “Македонски шуми“ велат дека податоците се проверени на терен и изборот е направен на транспарентен начин. Директорот Жарко Караџоски објаснува дека секогаш ќе има незадоволни граѓани бидејќи аплицирале 23.700 невработени граѓани, а примени се 1.600.

    Обвинувањата не се вистинити. Се беше максимално транспарентно. Се работеше со тимови од министества, од УЈП, Влада, се проверуваа податоците на терен ако има сомнеж, ако нешто е нејасно. Софтверот не познава емоции. На крајот на краиштата ако има над 20.000 апликанти, можно е 6.000 да ги исполнуваат условите, а се примени 1.600 - објаснува Караџоски.

    Незадоволните кандидати тој ги упати да поднесат приговор ако сметаат дека се онеправдени. Изборот ќе биде конечен кога ќе заврши рокот за жалби и приговори, додава тој.

    Во кумановско на конкурсот за социјалци се примени околу 180 лица.