Одложено прскањето против комарци
17.07.2013 10:57
| KumanovoNews
Авионското прскање против комарци кое требаше да се изврши утрово е одложено поради силниот ветер.

Од Општина Куманово информираат дека истото ќе се реализира утре во раните утрински часови. Им се препорачува на пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.