×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Односот градоначалник - совет, точка на дневен ред

    30.08.2012 13:01 | KumanovoNews

    На наредната седумдесет и прва седница на Советот на општина Куманово ќе се дискутира за односот меѓу градоначалникот - администрацијата и општинскиот совет.

    Односот градоначалник - совет, точка на дневен ред

    Независниот советник Зоран Петрушевски даде предлог за вметнување на ваква точка со образолежние дека одредени личности јавно се прозивани и се подложни на анализа. Петрушевски ова го толкува како политички атак и заплашување на поединци.

     Демократскиот процес е загрозен. Тоа досега во Куманово не се случувало, законодавната да биде под пресија на извршната власт. Голем дел од нас во наредниот состав нема да не има , ќе дојдат некои други луѓе. Работите ќе продолжат во недоглед. Наместо да ги решаваме проблемите на граѓаните ќе дојдеме во ситуација ние да бидеме проблем за граѓаните - рече Петрушевски.

    Претседателот на Советот на општина Куманово, Виктор Цветковски изрази незадоволство бидејќи на локален медиум на негова адреса се упатени критики и одредени квалификации. Тој го поддржува предлогот да се расчистат релациите во Советот.

    На денешната седница градоначалникот Зоран Дамјановски присуствуваше  кратко, бидејќи имаше два важни настани и отсуството го најавил неколку дена однапред. Во неговото присуство на идната седница ќе се дискутира на спомената тема. Дамјановски кажа дека она што било изнесено во емисија е негов личен став и тој не ја загрозува работата на Советот.