Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за вработување Куманово, до 28 месецов, активните баратели на работа можат да аплицираат за практиканство и обука за дефицитарни кадри.
На огласот за практиканство можат да се пријават младите навработени лица на возраст до 29 години без работно искуство со завршено најмалку средно образование. За период од 3 месеци за нив ќе им финаниска поддршка во износ од 6200 денари месечно.
Сите активни баратели на работа доколку сакаат стручно да се оспособат можат да се пријават за обуките за заварувачи, електромонтер и електроинсталатер на станбени објекти, електромонтер и електроинсталатер на индустриски објекти и составувачи на горни делови од обувки. Овие струки се дефицитарни за Куманово, а за секој град обуките се различни.
Обуките за да се реализираат потребна е група од 15 луѓе, а обуката ќе трае 3 месеци плус 1 месец практична работа.