Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Компанијата ОНЕ денеска во Здравствениот дом Куманово, донираше медицинска опрема за амбулантните возила на Брза помош. Донацијата е вредна 5 илјади евра, а содржи апарати, помагала и високо софистицирана опрема за транспортирање на повредените.
Има за цел да ги подобри условите на работа на лекарските екипи, а граѓаните да добијат квалитетна медицинска помош.
Јас се надевам дека оваа опрема што помалку ќе се користи, но е од исклучително значење за болните и на медицинскиот персонал, бидејќи во значителна мера ќе ја олесни работата.За нас од особено значење се нашите граѓани и затоа се трудиме да го подигнеме квалитетот на живеењето, а со тоа да бидеме пример дека сме одговорна компанија-рече Виктор Доневски, директор на Одделот за односи со јавност на ОНЕ, при предавање на донацијата.
Во името на Здравстевниот дом Куманово, на групацијата ОНЕ се заблагодари директорот Миомир Панковски, кој рече дека во време на економска криза секоја донација е вредна и од посебно значење.
Нашата работа е таква и ние мораме да реагираме навремено и со права опрема.Ова е многу корисна донација и се надевам дека соработката ќе продолжи, и компанијата повторно ќе ни приреди пријатно изненадување-рече Пановски.
Караванот на ОНЕ започна мината година и поминал низ 10 општини, а оваа година донации ќе добијат уште пет општини во земјава.