×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Опозицијата бара вонредна седница на Советот поради проблемите од депонијата Краста

    19.06.2024 17:27 | Сузана Николиќ

    Вонредна седница на Советот на Општина Куманово на која ќе расправа за еколошките проблеми предизвикани од депонијата Краста, која неколку дена гори и го загрозува здравјето на жителите од околните села и градот, побара советничката група на СДСМ и коалицијата .

    Опозицијата бара вонредна седница на Советот поради проблемите од депонијата Краста

    „Иницијативата е доставена до претседателката на Советот со една точка на дневен ред: информација за состојбата и превзмените мерки за гаснење на пожарот на депонијата Краста, за зачувување на сигурноста на граѓаните, како и за преземените мерки за отстранување на штетните последици по здравјето и имотот на граѓаните. Ние на вчерашната седница се обидовме да добиеме одговор од директорот на јавното претпријатие, но не ни беше дозволено од претседателката, затоа сега доставивме писмено барање, бидејќи согласно член 30 и 31 од Статутот на Општина Куманово, исполнети се услови за свикување на вонредна седница. Бараме седницата да биде закажана за утре, и да присуствуваат претставниците на сите надлежни институции, како и од месната заедница Пчиња. Доколу не се прифати нашиот предлог ние ќе ги преземем сите законски механизми за да се одржи седницата, бидејќи се работи за здравјето на граѓаните“, вели Александар Јовановски, координатор на советничката група на СДСМ.

    Тој вели дека не сакаат седницата да ја политизираат, туку да добијат комплетна информација за состојбата на терен, особено што е доведено во прашање и изнесувањето на сметот од градот, а локалната власт сака да го сокрие случајот, иако постои голема вознемиреноста и револтот кај месното население и граѓаните.