×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово купи 6 автомобили вредни 128.000 евра

    21.12.2019 10:20 | KumanovoNews

    Општина Куманово набави шест нови возила за потребите на јавната администрација, во вкупна вредност од 7.883.444,30 или околу 128.000 евра.

    Општина Куманово купи 6 автомобили вредни 128.000 евра

    Станува збор за пет „Дачии“ и едно „Рено Меган“. Две од возилата се теренски, а четири патнички. Купени на одложено плаќање на 60 месеци.

    Одобрение за купување на три теренски и три патнички возила во септември годинава, даде Советот на Општината Куманово. Тогаш беше речено дека теренските возила ќе ги користат службите за инспекциски надзор, урбанизам и противпожарната единица, додека патничките возила за другите служби.

    Градоначалникот Максим Димитриевски, потребата за новиот возен парк го правдаше со тоа што постоечките возила се стари повеќе од 10 години и за нивно одржување се плаќаат огромни средства.

    „Не се работи за возила коишто ќе ги користи градоначалникот или претседателот на Советот или некој избран функционер, туку се работи за реална потреба за да службите на Општината бидат пофункционални и помобилни“, - тврдеше тогаш Димитриевски.

    Советниците од опозицијата не гласаа за предлогот и побараа градоначалникот да прецизира за какви возила станува збор и колку пари се предвидени за нивна набавка, затоа што не сакаат да дадат бланко одобрени, кое може да се злоупотреби.

    Од Општина Куманово велат дека возилата ќе стигнат за дваесетина дена, а чинат поевтино од тоа што првично било планирано.