×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово одвои 150 илјади денари за старите занаети

    07.06.2022 18:47 | Сузана Николиќ

    Еднократна помош од 10 илјади денари добија 15 занаетчии кои ја негуваат традицијата и ги чуваат од изумирање старите занаети во Куманово. Помош е доделена на грначи, крзнари, кондурџии, опинчари, везилки и други занаетчии.

    Општина Куманово одвои 150 илјади денари за старите занаети

    Помошта ја обезбеди Општина Куманово, а се подели преку Регионалното здружението на занаетчии во Куманово. Ваучерите им ги врачи градоначалникот Максим Димитриевки и претседателот на занаетчиите Агрон Фазли, на мала свеченост на која што беше презетирано дел од културното наследство на градот.

    „Со одлука на Советот на Општина Куманово доделивме помош на занаетчиите во Куманово. Ова е една симболика којашто сакаме да стане пракса во градот, и на тој начин да не дозволиме да не се заборават старите занаети, бидејќи тие се основата за индустријализација на нашиот град. Имаме обврска кон чуварите на традицијата, во рамките на нашите можности да помогнеме во делот на финасирање на нивните активности. Ги помогнавме занаетчиите во време на корона, а јас и понатаму ќе се залагам да се зголемуваат ваквите субвенции, која ќе ја преточиме во традиција, со позначителен износ на средства, што ќе бидат дополнителен мотив на младите генерации да продолжат да се занимаваат со занаетчиството“, кажа градоначалникот Димитриевски.

       

    Претседателот на занаетчиите Фазли вели дека ова е првпат една општина да ги помага занаетчиите и тој се надева дека оваа пракса ќе се прифати и во другите градови.

    „Куманово е занаетчиски град, имаме длабоки корени и традиција, и затоа треба да се бориме да го сочуваме тоа наследство. Со оваа мерка се опфатени 15 занетчии, но во иднина ќе работиме на тоа да бидат во што поголем број, бидејќи имаме и доста нерегистрирани занаетчии и настојуваме и нив да ги формализираме и да се зголеми нашата бројка“, кажа Фазли.

    Занаетчиите се задоволни од помошта, кажуваат дека се ослободени и од обврската за плаќање на општинската комунална такса, но велат дека тоа не доволно за да можат да се справат со големата економска криза, беспарицата и нелојалната конкуренција.

    „Овие средства ќе ги употребиме за некои основни работи, да подмириме некој долг. Иако оваа поддршка е симболична сепак ни значи. Нас ни треба нова и пософистицирана опрема за изработка на нашите производи, конкретно во мојот занает современи печки, кои ќе бидат еколошки и нема да загадуваат воздух. Само така ќе бидеме конкурентни и ќе го спречиме изумирањето на занаетите“, вели грначарот Стојан Трајковиќ.  

    Тој додава дека помош очекуваат и од Министерствата за култура, економија, бидејќи тоа е капка во море колку е мал бројот на занаетчии во државата, кои треба да се поддржат за да опстанат во она што го работат.