×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово работи на изградба на 12 улици

    22.08.2013 12:38 | KumanovoNews

    Моментално Општина Куманово работи на изградба на 12 улици во градот, а според извештајот 18 улици се реконструирани во период од шест месеци.

    Општина Куманово работи на изградба на 12 улици

    На денешната седница на Советот на Општина Куманово, Момчило Јовановски помошник раководител во секторот за урбанизам рече дека поради експропријација, појава на подземни води и финансиската криза во која се наоѓа локалната самоуправа се одолговлекува реконструкцијата на дел од улиците.

    На улица “Бранко Радичевиќ“ имаме големи проблеми со експропријација, со изградба на потпорни ѕидови, изградба на атмосферска канализација. Затоа се работи подолг временски период. Парите не се малку, потрошени се 11 милиони денари. “Питу Гули“ неколку пати е почнувана и завршувана, сите бараат по детален план да се работи. “Ѓорче Петров“ по ДУП е направена.  “Бранко Богдановски - Гуцман“ сообраќајница е подготвена 90 отсто за работа и чекаме на изведувачот “Хуљуси комерц“. Се надеваме дека нареден месец ќе ја завршиме - вели Јовановски.

    Советниците од Коалицијата За подобра Македонија имаа низа забелешки за оваа точка. Тие бараа конкретни рокови кога ќе почнат и кога ќе завршат инфраструктурните проекти за да имаат увид дали роковите се пролонгирани и зошто.

    Во извештајот нема рокови и бараме во иднина да има за да знаеме дали се пробиени роковите. Рокови се пробиваат прво заради ненавремена извршена експропријација, второ изведувачите се во слаба финансиска кондиција и општината е неликвидна - рече Мирослав Стојановски, советник од ВМРО - ДПМНЕ.

    Советникот од Коалицијата За подобра Македонија, Ашмет Османовски се пожали дека поднел барање за кастрење на крошните на дрвјата на улица “Илинденска“ кај Гарнизон, но на истото не било одговорено. Тој објасни дека крошните на дрвјата им пречат на дуќанџиите бидејќи ги подигаат олуците и мора да се средат.