×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово тврди дека доставила целосна документација за реконструкција на училиштето во Агино Село

    04.09.2023 12:47 | Сузана Николиќ

    Oпштина Куманово ги отфрла обвинувањата од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, дека Општината ја нема доставено потребната документација за реконструкција на подрачното основно училиште „Кирил и Методија“ во Агино село.

    Општина Куманово тврди дека доставила целосна документација за реконструкција на училиштето во Агино Село

    „Општина Куманово има аплицирано по јавниот повик и истото е уредно доставено. Аплицирано е со наш архивски бр. 22-6394/6 од 08.08.2022 година и во прилог на апликацијата е доставена следна документација: апликација (барање) за проектот, основен проект со содржина – предмет пресметка ЦД и одобрение за реконструкција со бр. УП1-21-3865 од 21.09.2022, основен проект во хартиена форма и имотен лист од подрачната училишна зграда во с.Агино Село“, стои во соопштението.

    Од Општината велат дека и најавата за бојкот на наставата која советот на родители при ПУ “Кирил и Методиј”   и месната заедница Агино Село ја пратил во јули ја препратиле до министерот Јетон Шаќири, а го потсетиле и   за апликацијата за реконструкција на училишниот објект уште во 2022 година.

    „До МОН имаме доставено предмет барање информации по јавен повик за изградба, доградба, надградба и реконструкција на основни и средни училишта со бр.22-5279/1 од 05.07.2022. Барањето е доставено за добивање на информација, дали аплицираниот проект е веќе рангиран, односно, дали е извршен негов избор поради начелото на итност на постапката. До сега немаме добиено никаков одговор, туку само усмени ветувања од министерот Шаќири дека проектот ќе биде реализиран“, велат од Општина Куманово.

    Откако родителите не ги пуштија учениците на школо во Агина Село, министерот Јетон Шаќири, кажа дека МОН не може да го реконструира училиштето затоа што не е доставена целосна документација, но ако се отстранат тие пречки ќе се обезбедат средства.