Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот, општинската администрација и вработените во јавните претпријатија и установи денеска садеа дрвца на Градскиот кеј и Плоштадот.
Откако зедоа учество во акцијата за пошумување на локалитетот „Гладно Поле„, дел од своето време посветија и на уредување на репрезентативниот простор во градот, Кејот на реката Кумановка.
Насадивме околу 50 зимзелени дрвца на овој простор, со што само ја отворивме сезоната, бидејќи во наредниот период ќе продолжиме со дооформување на останатите зелено-цветни површини по должината на кејот. Сиот саден матерјал што го користиме е произведен во нашиот расадник, а тоа се чемпреси, јасен и други -вели Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Чистота и Зеленило„.
Секретарот на општината Оливер Спасовски вели дека тие со задоволство го посветиле овој ден за зачувување на животната средина, бидејќи само така можеме да ги имаме благодетите што несебично ги дава природата.
Со уредување на зелените површини на Градскиот кеј, со активностите што се преземаат за оплеменување на Стариот градски парк, Соколанскиот парк и просторот во комплексот Пелинце, општината покажува колку внимение посветува на екологијата што значи живот за градот. Ние сме пример како со редовна, а не кампањска работа можат да се постигнат големи резултати- смета Спасовски.