×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината ќе помага на хендикепираните лица

    03.09.2010 14:28 | KumanovoNews

     Куманово е една од трите општини во државата што потпиша Акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост и се обврза да обезбеди ист третман за живеење без дискриминација на оваа категорија луѓе

    Општината ќе помага на хендикепираните лица

     Целта на овој проек е да се подобри инфраструктурата, информациите и другите услуги, како и да се создадат поголеми човекови и социјални права на околу 10 илјади лица со интелектуална или физичка попреченост, колку што живеат во Општината.

    Имаме зацртано неколку проекти со кои ќе ги отстраниме градежните бариери кои се наоѓаа на јавните површини и објекти. Тука пред се  мислам на пракинг местата, сообраќајната сигнализација, како и патничкиот превоз и другите стандарди. Сакам да најавам дека во касарната „Христијан Карпош„ планираме да адаптираме простории за Центарот за социјални работи и да го прошириме центарот „Порака„, така ќе обезбедиме подобри услови за работа. Со тоа ќе се создадат услови да се згрижат повеќе лица, ќе се подобри нивната едукација и ресоцијализација. Со изработка на ваков план ќе се отворат можности и за аплицирање во фондовите на државните институции, а пред се на меѓународната заедница -рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Центарот за згрижување на лица над 18 години „Порака„  неколку години работи на подобрување на условите и приспособување на средината кон барањата на лицата со попреченост. Локалната самоуправа е најверниот партнер во нивно опстојување, а родителите дале значаен допринос при изработката на документот.

    Формиравме работна група која во изминатите 6 месеци низ работилници се обучи за работа на проекти, а други три групи директно работеа на креирање на планот. При то водевме сметка за ресурсите со кои располагаме, за реалните можности за остварување на овој документ да не биде ова само список на добри желби, туку да можат да бидат конкретно реализирани - рече Чедомир Трајковски претседател на Републичкиот центар Порака и родител на дете со интелектуална попреченост.

    Проектот за Акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост е потпомогнат од американската амбасада, невладините организации во општината и други државни институции чии интереси се испретлетуваат со интересите на лицата со попреченост. Освен во Куманово  со конкретни акции за развивање на локалните акциони планови има во Охрид и Виница.