×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината ќе помогне на семејството што остана без куќа

    04.02.2011 14:38 | KumanovoNews

    Општината Куманово ќе обезбеди парична помош и ќе го згрижи семејството Трајковски што остана без куќа , која изгоре до темел во голем пожар на улицата „Орце Николов„.

    Општината ќе помогне на семејството што остана без куќа

    Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска ги прими сопружниците и им кажа дека локалната самоуправа ќе ги помогне со 60 илјади денари и сместување, додека не ја реновираат куќата.

    Се работи за четворочлено семејство, кое за жал остана без својот дом. Во рамките на нашите надлежности ние ќе помогнеме. Успејавме да најдеме една просторија и да го сместиме семејството во наредните два месеци. Ќе се обидеме да помогнеме и во изградба на домот за побрзо да се вратат во него. На наредната прва седница на Совет ќе биде поднесено барање за еднократна помош, по што сретствата ќе бидат исплатени- рече градоначалникот Дамјановски.

    Сопружниците со солзи во очите се заблагодарија на подршката и помошта, и ги повикаа сите луѓе кои се во можност на било кој начин да им помогнат, да го обноват домот  кој е пеплосан до темел.

    Моментно се прибравме во една собичка кај комшијата.Останавме без она што со години го стекнувавме. Немаме ништо и ќе мора куќата да се урне до темел, па повторно да се гради- Свето Трајковски, низ солзи.

     Пожарот во куќата избувнал вчера во 4 часот по полноќ од расипана термо печка, а се проширил на мебелот и се останато во куќата.  

    Градоначалникот ја искористи приликата да појасни дека противпожарните возила кои го гаснеле пожарот пристигнале за 7 минути, а не како што објавија некои медиуми за еден саат.