Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Секретарот на Општината Оливер Спасовски се врати од еднонеделен престој од Хрватска, каде заедно со претставници од уште пет општини од Македонија присуствуваше на обука за издавање на општински обврзници.
Студискиот престој на претставниците од општините, се организирал со цел да се пренесат искуствата на хрватските општини во создавањето на потребните предуслови за издавање на обврзниците.
"Ги посетивме Загреб, Риека и Сплит. Хрватска е една од државите од регионот каде издавањето на општинската обврзница е во понапредната фаза. Таму, освен правни субјекти, меѓу кои инвестициски фондови, банки, пензионерски фондови, инвестираат и физичките лица. Овие средства се користат за различни капитални проекти " - информнира Спасовски.
Инвестирањето во обврзниците е сигурен капитал кој овозможува бенефит и за општините и за инвеститорите, а пред се го забрзува локалниот економски развој.
Освен,општина Куманово на студиски престој во Хрватска биле и претставници од општините Кавадарци, Гевгелија, Гостивар, Штип и Илинден.