Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Куманово наскоро ќе воведе безжичен интернет на две локации во градот. На Градскиот плоштад и Кејот на реката Кумановка, граѓаните за своите потреби ќе можат да користат бесплатен бежичен интернет.
Интернетот на двете локации ќе покрива околу 1000 метри што ќе биде доволно за почеток. Веќе е инсталирана опремата и по празникот ќе се пушти во употреба. Планираме во наредните неколку години со бесплатен интернет и да го покриеме целиот град- вели градоначалникот Зоран Дамјановски.
Воведувањето на бесплатниот интернет е првенствено наменет за младите граѓани, кои слободното време го поминуваат на отворено.
Куманово е првиот град во државата што има проект за воведување на бесплатен бежичен интернет и видео проекција на значајните културни и историски делови во градот. За тој проект ги користи искуствата на Марибор, Словенија.