×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината работи транспарентно, но недоволно

    30.11.2010 16:00 | KumanovoNews

     Во рамките на проектот Транспарентност на единиците на локалната самоупрва и нивна отчетност, денеска во Куманово се одржа обука за претставниците од локалната администрација од Северо-источниот регион.

    Општината работи транспарентно, но недоволно

     Целта на проектот е да се утврди транспарентноста на општините пред граѓаните, со медиумите, невладините организации и да даде насоки како таа соработка да се интензивира.

    Генарално општините од северо-источниот регион ги запазуваат овие критериуми, но сепак треба уште да се работи. Куманово е понапред во однос на регионот и државата. Се работи за развиена, голема општина во која има канцеларија за односи со јавност. Но не е доволно, тоа се покажува и преку односот кон веб-страната. Ако таа е слика како треба да изгледа односот кон јавноста, таа покажува дека не се трудат доволно - смета Слаѓан Пенев, извршен директор во Форум.

    Пред почетокот на обуката била спроведена анкета за транспарентност во 84 локални единици во државата. На одредени прашања одговарале претставници на локалните самоуправи, а на друг примерок одговори давале невладните орагнизации, меснните заедници, медиумите и граѓаните.

    Резултатите покажаа дека Куманово, Крива Паланка, Кратово и Ранковце се поотворени и транспарнетни општини, за разлика од Старо Нагоричане и Липково кои треба да да се работи на подобрување во оваа област - додаде аналитичарот во Форум, Александар Писаров кој заедно со стучниот тим ја работел анкетата на терен.

    По завршувањето на обуката општините треба да црпат искуство од пренесените примери во поразвиените земји и да работат на развој на сопствената транспарентност. Обуката ја држеше експертот за локална самоуправа Зоран Јачев, а на работилницата не присуствуваше никој од општинската администрација Куманово.

    Проектот го реализира Центарот за стратегиски истражувања и документација Форум заедно со Цивика мобилитас.