×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општините ќе добијат неатрактивно државно земјиште

    25.11.2010 13:45 | KumanovoNews

    Од јули идната година општините ќе менаџираат со државното градежно неизградено земјиште. Тоа значи дека целиот процес на отуѓување и давање под закуп на градежното земјиште ќе се води на локално ниво, односно во самите општини кои ќе ги исполнуваат условите пропишани во предлог законот.

    Општините ќе добијат неатрактивно државно земјиште

    Но надлежните се сомневаат дека ќе има што да менаџираат ако продолжи трендот на распродажба на земјиштето.

    Секојдневно се случуваат лицитации по багателни цени, па од први јули, локалните самоуправи нема што да продаваат или ќе им остане само неатрактивно земјиште. Но секако предавањето  е позитивен процес, и ние ќе се ангажираме во наредниот период да го прошириме градежниот опфат и да создадеме нови зони со атрактивни локации за инвестиции и со тоа да покажеме дека стопанисувањето на локалните институции е предност, а не негативност - смета градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Општините за да ги извршуваат работите за располагање со градежното земјиште ќе треба да имаат изготвено едногодишна програма, потребен број овластени вработени, комисија за јавно наддавање како и електронски систем за јавно наддавање. Во локалната самоуправа има доволно вработени и постои Комисија која работи на оваа проблематика.

    Целиот процес што требаше да го заврши државата доцни, а требаше да биде готов до нова година. Поради тоа не сум оптимист дека во предвидениот период државното земјиште ќе биде предадено на менаџирање на општините. Само доколку се забрза целата процедура може да се стигне  - смета градоначалникот Дамјановски. 

    Цената на земјиштето ќе ја одредува градоначалникот во соработка со советот, а  Владата ќе дава согласност на цената. При продажба на земјиштето 80 отсто од парите ќе одат на сметката на општините, а останатите 20 ги задржува државата.

    Оној кој го купил земјиштето со закон се забранува да го препродаде се до моментот додека тој не извади употребана дозвола за самиот објектот дека  е изграден. Доколку не се почитува законот во министерството или во локалната самоуправа казните ќе се движат од 2.000 до 9.000 евра, а на одреден рок ќе им бидат одземани ингеренциите.