Општинска делегација во Нови Сад
31.01.2011 15:05
| KumanovoNews
Делегација од Куманово, предводена од градоначалникот Зоран Дамјановски ќе присуствува на прославата на празникот на градот Нови Сад, Војводина.

Прославата ќе се организира утре, по повод 270 годишнината од настанувањето на градот. Во делегацијата од Куманово со градоначалникот заминале и раководителот на Секторот за евроинтеграции Горан Митевски, и уште тројца соработници од кабинетот.
Куманово и Нови Сад имаат долгогодишна соработка и пријателство.