Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Трговците почнаа да ги поставуваат тезгите за продaжба на подароци за 8 Март. На плоштадот пред Центарот за култура денеска имаше само неколку, но велат дека во наредните неколку дена ќе дојдат и останатите нивни колеги.
Ова место си е наше, тука сме со години, ако сакаа да не избркаат. Уште е рано, доста отидоа по роба па затоа ги нема. Ние изнесовме она што ни остана од нова година, а може да се подари на секоја жена. Крпи, кецели, чаршафи, вазни,пластични садови тоа и треба на секоја домаќинка. Луѓето немаат пари како негогаш, сега е важно да се одбележи денот и да се подари било што- вели еден од продавачите.
Продавачите велат дека уште незнаат колку ќе треба да платат за тезгите, а не очекуваат голема заработка поучени од ланските искуства.