×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Основан ДООЕЛ на „Чистота„ за погребални услуги

    17.02.2011 16:00 | KumanovoNews

    Советниците на денешната седница го прифатија предлог-решението на ЈП „Чистота и зеленило„ за формирање на посебно Друштво со ограничена одговорност „Чистота-Погребално ДООЕЛ Куманово„,согласно Законот за либерализација на пазарот за погребални услуги, донесен пред две години.

    Основан ДООЕЛ на „Чистота„ за погребални услуги

    „Како што е познато Законот за либерализација на пазарот на погребалните услуги не‘ обврзува како јавно претпријатие оваа дејност да ја издвоиме од останатите. Од двете солуции што ги нуди Законот, формирање ново јавно претпријатие или посебно друштво со ограничена одговорност, ние ја предлагаме вторава, за сите побезболна форма на реорганизација на постојното ЈП ,,Чистота и зеленило‘‘ - го образложи предлогото директорот на Сашо Петрушевски.

    Советниците со мнозинство гласови го прифатија предлогот. Од спротивниот, опозициски табор имаше неколку дискусии во правец на начелно прифаќање на предлогот како законска обврска, но со неколку забелешки дека се создава простор за манипулации околу некоја идна, нова трансформација на ДООЕЛ-от поврзана со сопственичките односи.

    „Што е гаранција дека на мнозинството во Советот утре нема да му текне Друштвото да го претвори во ново јавно претпријатие што ќе функционира во интерес на партијата на власт„ - праша советникот Бранко Цветков што предизвика неколку бурни реплики од неколкумина негови колеги од спротивниот табор со напомена дека Цветков инсинуира дека во мнозинството седат криминалци.

    Во расправата се разјаснети и сомневањата во правец на тоа дека со формирањето на ДООЕЛ-от се отвораат можности за поскапување на погребалните услуги.

    Сомнежите се неосновани, бидејќи цените на сите услуги на „Чистота„, па и на погребалните, ги одобрува претпријатитео под контрола на  Советот на општината - појасни директорот Петрушевски. Инаку, новооснованиот ДООЕЛ кадровски ќе се екипира со сега постоечките работници на ЈП ,,Чистота‘‘ кои работат на погребалните услуги. Со ДООЕЛ -от ќе раководи Кочо Трајковски, дипломиран инженер технолог.