Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес конференција пред граѓаните даде отчет за сработеното во изминатите четири и пол години владеење.
Отчетот претставува исполнување на обврската да реферираме за она што сме го одработиле, за проектите кои сме ги спровеле, за реформите и за модернизацијата кoja сме ja направиле. Отчетот, кој деновиве се дистрибуира и меѓу граѓаните на Куманово, е напишан на 263 страници и претставува нова форма на транспарентно работење на политичка сцена во Македонија. Во периодот од 2006 до 2011 година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во целост исполни 1185 ветувања дадени пред граѓаните од вкупно 1428 ветувања или 83% реализирано од вкупниот број на проекти-рече портпаролката Тамара Петрушевска.
Меѓу повеќето проекти кои се реализирани на нови на државата, беа наведени и неколу проекти од нашиот град: дисперзирани студии во Куманово, довршување на коридорот 10 до граничниот премин Табановце во должина од 7,5 километри, како и патот Куманово-село Пчиња во должина од 9 километри, доделени 3,5 милиони евра за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во општина Куманово и изградба на две училишни спортски сали во градот.