Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за образование Никола Тодоров денеска присуствуваше на поставување на камен темелникот на нова училишна спортска сала во селото Липково.Салата е со површина од 650 метри квадратни и ќе чини 23 милиони денари.
Планирано е да се изгради за 7 месеци, а ќе биде опремена со најсовремена спортска опрема и помагала. Ми претставува посебна чест и задоволство што денеска сум тука, меѓу граѓаните на Липково.Ги подржувам сите активности на развоја на училишниот спорт и ќе продолжиме со изградба на сали и во другите делови на државата-рече Тодоров.
Министерот најави дека ќе се гради и спортска сала во селото Отља.