Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во просториите на Агенцијата за поддршка на рурален развој кај Стариот парк денеска беше отворена регионална канцеларија на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството.
Канцеларијата ја отвори директорот Тони Димовски, кој истакна дека на овој начин ќе биде покриен целиот североисточен регион.
На овој начин агенцијата го економизира, рационализира своето работење во делот на контролите на терен во Република Македонија. Агенцијата ќе биде приустна на терен и ќе има можност секој земјоделец доколку има потреба да се обрати до вработените во оваа канцеларија каде што ќе може да добие податоци во делот на аплицирањето, за информации за статусот ако веќе има аплицирано, за програмите кои ги нуди Владата - вели директорот Димовски.
Во регионалната канцеларија ќе има двајца вработени. До крајот на месецов сите осум плански региони во земјава ќе добијат регионала Агенција за финансиска поддршка во земјоделството.