Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ синоќа беше отворена ликовната изложба „Карпино 2010„.
Изложени се триесетина дела што беа создадени на осмата ликовна колонија што се одржа во август годинава во манастирскиот комплекс Карпино и комплексот Етно село.
На изложбата се поставени дела на уметници од Бугарија, Србија и Македонија. Оваа изложба е спој на младоста и искуството. Изложбата ќе ја видат граѓаните на општините Старо Нагоричане, Кратово, Кочани и уште неколку каде традиционално секоја година ја организираме изложбата-вели Зоран Павловски, претседател на Здружението Карпино.
Изложбата ја отвори градоначалникот Зоран Дамјановски, а програмата беше збогатена со настапот на мчладите виолинистки Сара Николиќ и Ивана Јовановска. На отварањето на изложбата присуствуваа авторите на делата, но и голем број на гости кои деновиве допатуваа во Куманово, по повод Денот на градот.