×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложбата „Скулптури на новото време 2015“

    19.09.2015 10:28 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата “Скулптури на новото време 2015„.

    Отворена изложбата „Скулптури на новото време 2015“

    На оваа биенална изложба учество земаа 21 скулптор од Македонија. Публиката имаше можност да ги види делата на познатите академски скулптори.

    Учествуваат афирмирани скулптори кои изложувале и во Македонија и во странство. Секој со својот материјал кој добро го познава, мермер, метал, гипс, дрво, комбинирани техники, сите  материјали се во оптек“ - изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

    Тој вели дека оваа изложба е добар начин да се поттикне создавањето на скулптури, кои моментално е во криза.

    Изложбата на која учествувам веќе петти пат е одлична можност да се презентираат делата на академските скулптори. Изложувам релјеф изработен со гипс - рече Стојмир Петров, скулптор.

    Ова е осмо издание на биеналната изложба “Скулптури на новото време“. Во Центарот за култура изложбата ќе биде поставена до 29 септември.