Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изложбата на најдобри цртежи на тема "Родова еднаквост" од меѓународниот конкурс денеска беше отворена во Уметничката галерија.
Пред повеќе ученици и професори имаа можност да ги разгледаат цртежите од четиринаесет деца од различни држави кои преку ликовната уметност ги презентирале нивните согледувања за еднаквоста меѓу половите.
"Околу 50.000 деца од светот на возраст од 8 до 10 години твореа на тема родова еднаквост.Во таа силна конкуренција ученичка од Скопје,Тијана Додева од ОУ"Јан Амос Коменски"е победник на конкурсот организиран од Европската комисија"- изјави Андријана Колевска од секторот за евроинтеграции при општина Куманово.
Изложбата ќе биде отворена до крајот на месецот.
И оваа година по трет пат, делегацијата на Европската Унија во Скопје го спроведува конкурсот во соработка со Министерството за образование и наука на тема родова еднаквост. Децата имаат можност да ги достават своите цртежи до 20 мај годинава. Жирито составено од деца ќе го направи изборот на најдобрите цртежи. Промовирањето на родовата рамноправност е една од осумтте милениумски развојни цели, која претставува суштински дел од политиката на ЕУ за поддршка на развојот. Изложбата е во организација на "ЕУ инфо точка" од општината Куманово.