×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Паднал од орев и се наденал на шипка

    19.09.2010 18:13 | KumanovoNews

     Несреќниот човек  со стомакот удрил во металниот столб од оградата и притоа се здобил со фатална повреда од која починал на лице место.

    Паднал од орев и се наденал на шипка

     Живојин Станојковиќ (73) од населбата „Карпош„ викендов го загубил животот кога паднал од дрво и се наденал на метална шипка од ограда. Несреќата се случила во саботата во 13.15 часот, додека Живојин берел ореви во дворот на брат му на улицата 100 број 57. Качен на дрво на висoчина од 5-6 метри, тој со стап ги буткал оревите, при што изгубил рамнотежа и паднал. Несреќниот човек удрил со стомакот на шипката, која го пробола и му нанела фатална повреда од која починал на лице место. Во моментот на несреќата со него била и неговата сопруга, која кога видела што се случило се онесвестила од шокот. Соседите притрчале да помогнат и повикале Итна помош, но лекарите утврдиле дека човекот починал, како последица од влезно-излезната рана на стомакот предизвикана од убодот на столбот.  

     Очевидци на настанот потресени кажуваат дека тоа што вчера се случувало пред нивните очи било како во сцена од хорор филм. Починатиот не можеле да го извадат од шипката, поради што морале да ја сечат со бонсек, додека неговото тело било облеано во крв.

    Човекот беше качен на оревот и одеднаш една жена почна да плаче и да бара помош. Отидивме и имаше што да видими. Страшно... страшна смрт, не сакам да се потсетувам. Неможеше никој да му помогне. Едвај го извадија од шипката. Во шок сум од вчера, сите се потресовме - кажува еден сосед.

    Увид на лице место извршили полициско- судски екипи, при што било утврдено дека се работи за несреќен случај и телото на починатиот е предадено на семејството.