Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Специјалното возилото ќе ги подига и отстрануваа непрописно паркираните автомобили кои го попречуваат и сериозно го загрозуваат непреченото одвивање на сообраќајот, како и хаварисаните возила.
Од денеска започна да функционира „пајак„ службата на подрачјетое на Општина Куманово. Возилото ќе ги подига и отстрануваа непрописно паркираните автомобили кои го попречуваат и сериозно го загрозуваат непреченото одвивање на сообраќајот, како и хаварисани возила.
Службата ќе работи во две смени од 07,00 до 23,00 часот во работни денови, а за време на викендите и празниците по договор со одговорните.
Кумановската полиција ги известува граѓаните дека во тек се активности за отстранување на непрописно паркирани коли, автобуси и минибуси во централно градско подрачје и на улиците „Октомвриска Револуција„,„Трета МУБ„, „11-ти Октомври„, „Доне Божинов„..
Сопствениците се потсетуваат благовремено истите да ги отстранат од наведените локации т.е. да ги паркираат на места соодветни за таа намена.