“Панче Пешев“ на аудиција ќе бира нови членови
23.09.2014 09:45
| KumanovoNews
Културно - уметничкото друштво “Панче Пешев“ во сабота од 10 до 12 часот ќе организира аудиција за прием на нови членови.

Аудицијата ќе се одржи во просториите на друштвото во дворот на Гимназија “Гоце Делчев“. Се повикуваат младите кои имаат афинитети кон пеење, играње, свирење на народни инструменти да дојдат на аудицијата и доколку бидат избрани ќе бидат дел од друштвото.