Панихида за роденденот на Тоше
Во црквата „Свети Никола„ утринава се одржа панихида по повод 30 роденден на Тоше Проески, на иницијатива на Здружението на граѓани „Коледари„.

Ова е трета година по ред како се собираме по повод роденденот на Тоше.Оваа година за првпат организираме и крводарителска акција каде симболично ќе учествуваат 30 крводарители, колку што Тоше ќе имаше години да беше со нас.Тоше го заслужи тоа бидејќи негова најголема одлика беше хуманоста-рече Киро Соларски, секретар на здружението .
Коледарите имале успешна соработка со Тоше, кој гостувал во нивниот клуб во населбата Карпош и се потпишал во книгата на спомени. Тоа го сметаат за најдраг спомен и жалат за македонскиот ангел кој прерано замина од овој свет.
Од 11 до 14 часот во клубот „Коледари„ ќе се спроведе крводарителската акција.