×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Парична помош за семејствата од поплавените села

    23.12.2010 14:38 | KumanovoNews

     Двесет и едно семејство од селата Бељаковце, Довезенце. Јачинце, Клечовце и Шупли камен чии земјоделски имоти и куќи беа поплавени од Крива река и Живуша на почетокот на овој месец ќе добијат еднократна парична помош од буџетот на Општината Куманово.

    Парична помош за семејствата од поплавените села

     Советниците денеска дадоа согласност да им се исплати  по 20.000, 15.000 и 10.000 денари, зависно од висината на штетата што им е нанесена од поплавата. Ова е одлука беше донесена врз основа на увидот на посебна Комисија на Општинскиот штаб за заштита и спасување направен во првите неколку дена од поплавата. Од излевање на водата од споменатите две реки штети претрпеа 14 домакинства во Јачинце, три  во Шупли камен, две во Довезенце и по едно домакинство во Клечовце и Бељаковце. Советот на општината усвои и соодветни заклучоци за превентивни мерки од идните поплави на овие подрачје со акцент на редовно и одржување на речните корита и чистење на каналите на наводнувачките системи во Општината што се во надлежност на Водостопанското претпријатие ,,Кумановско-липковско поле‘‘.