×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Патиштата во Старо Нагоричане и Липково проодни, нема отсечени села

    13.01.2025 12:14 | KumanovoNews

    Регионалните патишта во Општина Старо Нагоричане се расчистени и проодни, сообраќајот се одвива во зимски услови по коловози со остатоци од кашест снег, а освен механичко отстранување се посипуваат со сол и песок. 

    Патиштата во Старо Нагоричане и Липково проодни, нема отсечени села

    Во Старо Нагоричене машините на „Македонија пат“ го расчистуваат и патот кон селото Арбанашко, додека патните правци кои ги поврзуваат населените места се чистат со механизиација на фирмите кои се ангажирани од општината.

    „Главните артерии се расчистени, проаѓаме со машини и фрламе ризла и снег. Најдоцна до утре ќе бидат расчистени и правците до повисоките планински села. Немаме информации за отсечени села, за среќа нема големи врнежи, па иако отежнат нема прекин на сообраќајот’, извести заменик градоначалникот Бобан Цветановски. 

    Локалните патишта под надлежност на Општина Липково се расчистени, но одговорните се во постојан контакт со ангажираната фирма „КООП инженеринг“ и доколку има потреба повторно ќе се интервенира. 

    „Немаме известување за завејани лица или населби во Општина Липково, патиштата се воглавно проодни. Се уште сме во алармантна состојба и постојана комуникација со сите инволвирани во процесот, доколку има потреба повторно ќе се излезе на терен и ќе се интервенира. Жителите од повисоките места главно користат теренски возила- џипови, лесно можат да дојдат до Липково доколку имаат неодложна потреба“, истакна Нухи Ајдини, секретар на Општината.

    Од Центар за управување со кризи информираат дека и во двете општини немаат дојави за било какви настани или појави вредни за одбележување. Предупредуваат за задолжително носење на зимска опрема, и прилагодување на брзината на актуелните зимски услови на сообраќај.  
         (фото архива)