×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Паушален данок за самостојни дејности

    17.12.2010 08:52 | KumanovoNews

    Граѓанинот кој обавува самостојна дејност (занаетчија, верско лице и др.), а кој не е во состојба да води деловни книги може  паушално да го плаќа персоналниот данок на доход.

    Паушален данок за самостојни дејности

     Граѓанинот кој обавува самостојна дејност (занаетчија, верско лице и др.), а кој не е во состојба да води деловни книги или на кого водењето на деловните книги му го отежнува вршењето на дејноста, има право да поднесе Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход до Управата за јавни приходи и данокот на доход за 2011 година да го плаќа според паушално утврден нето приход.

    За да се стекнете со право за паушално оданочување за 2011 година, покрај тоа што треба да поднесете Барање (“ПДД-П“) најдоцна до 31 декември 2010 година, треба задолжително да ги исполнувате и следните услови:

    * да не вршите трговска, угостителска и комисиона дејност (освен обврзникот кој врши трговска дејност исклучиво преку продажни места на организирани зелени пазари);

    * да не вработувате други лица;

    * во дејноста да не вложуваат и други лица;

    * да остварувате нето годишен приход од вршење на дејност до две просечни годишни плати.

    Доколку се исполнети сите услови, УЈП на самостојниот вршител на дејност му го утврдува паушалниот нето-приход на кој се пресметува персоналниот данок на доход, притоа имајќи ги во предвид:  

    * местото каде што се наоѓа деловната просторија;  

    * опременоста на деловната просторија;   

    * пазарните услови во кои се врши дејноста;   

    * површината на деловната просторија;  

    * староста и способноста на обврзникот;  

    * големината на нето-приходот на обврзникот, кој под исти или слични услови врши иста или слична дејност; и  

    * други околности кои влијаат на остварувањето на добивката.