Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дел од кумановските пчелари заминаа на Саемот на мед во Белград кој се оддржува од денеска до сабота.
Тоа е светски саем, каде има изложба, продажба и предавања. Ние се организираме во групи. Некои пчелари одат преку Здружението “Матица“ од Виница, други преку Битола, а некои сами индивидуално се организираат. Најновата технологија таму е претставена, лековите за пчели од таму ги донесуваме и се многу ефтини. Јас кога одам се трудам да најдам некој предавач бидејќи тоа се доктори на науки и од нив копираме искуства. Тоа е огромен саем и може да се добие информација од прва рака за се што не интересира - вели Бранко Тасевски, претседател на Здружение на пчелари “Пчела“.
Тој додава дека Сојузот на српски пчелари има над 100 члена и е лидер на Балканот кога се во прашање современи методи за производство на мед.