×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Пелинска„ - хорор улица

    01.03.2011 14:42 | KumanovoNews

    Улицата „Пелинска„ е сокачето во должина од околу 200 метри од пред влезот на 11-катницата на ФЗЦ,„11 Октомври„ до излезот на „Октомвриска револуција„ кај „Табакана„.

    „Пелинска„ - хорор улица

    Со други зборови, во срцето на градот. Деновиве до „дежурниот„ репортер на Kumanovonews се обратија станарите во споменатата 11-катница со аларм дека им е дојдено преку глава од тоа што се случува со сокачето именувано како улица „Пелинска„.

    „Пред влезот на нашата зграда во последно време по неколку пати дневно минуваат „миксери„ со бетон од триесет до четириесет тони и решето ја прават инфраструктурата на улучката што не е правена да носи вака тешка градежна механизација. Башка дупките се полни со кал и вода. Ја уништија подземната фекална канализација и цевките за атмосферска вода. Нон-стоп одиме и молиме во ЈП ,,Водовод‘‘ да ни ја поправаат канализацијата. Фекалните води влегуваат во просториите на етажната котларница во која не се влегува од смрдеа. Валканиците и калта што ги газиме пред зградата ги внесуваме во ходниците и лифтовите, односно во становите. Никако не успеваме да ја одржиме хигиената на зградата‘‘ - се жалат станарите на 11-катницата.

    Во суштина, што е проблемот. Според револтираните граѓани од оваа станбена зграда, надлежните во гратската управа треба да ѕирнат во сокачето ул.„Пелинска„ и да видат што се случува. Ако е точно дека по сокачето, на кое патем живеат околу седумдесет семејства вклучително и неколкуте станбени згради, катадневно се пренесуваат тони и тони градежен материја со тешки товарни возила, некој мора да се замисли и да преземе неопходни мерки. Каде е комуналната инспекција, каде се одлуките на Советот на општината „секој што ќе прекопа улица или тротоар, должен е да ја врати во првобитната состојба„. Граѓаните што во случајов со право и се лутат на гратската управа, посочуваат дека уништувач на нивната уличка е инвеститорот и изведувачите на градежните работи на новата станбена зграда на локалитетот „Табакана„. Се чини улицата „Пелинска„ е единствен или најлесен приод до градилиштето. Инаку, сокачето е мошне фреквентно за пешаци, не само за станарите кои во случајов се јавуваат како единствено засегнати. Се надеваат дека пораката ќе стигне до совеста на надлежните во градот, а особено до тие што неодговорно ја експлоатираат со својата градежна механизација. Исто така и ќе се сетат да ја асфалтираат за да не се разнесува калта низ тој дел од градот.