×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пензионерите бираат бања наместо скијање

    05.02.2014 11:17 | KumanovoNews

    Меѓу бесплатно бањско лекување и бесплатно скијање, пензионерите бираат бања, бидејќи во третата животна доба им e попотребна.

    Пензионерите бираат бања наместо скијање

    Пензионерите на бања одат и преку нивното здружение со попуст или на свој трошок, додека за бесплатните ски карти велат дека само мал дел од нив можат да ги искористат.

     Од 12.300 пензионери колку што имаме членови во Здружение на пензионери Куманово никој не најавил дека ќе оди на скијање. Тие што имаат викендици во Маврово, на Бистра, тие можат да скијаат. Другите ако платат пат до таму, ако купат или изнајмат опрема за скијање тоа за нив е трошок. Друга работа која е важна е дали имаат совладано техника на скијање - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.

    Лани 144 пензионери преку здружението биле на бањски одмор. Кумановските пензионери најмногу ги посетуваат Катлановска, Негорци и Дебарски бањи.

     Добра е бањата да се одмориме, ние сме стари. На свој трошок одам во бања, а за бесплатно еднаш поднесував барање и ме одбија бидејќи не ми следува, поголема ми е пензијата. Кога бев млад сум бил на Попова Шапка, а сега не можам. За на скии треба да се има искуство - смета Данило Спирковски, пензионер.

    И другите пензионери го делат мислењето дека одморот на бања за старите луѓе е благодет.

    Најдобра е бањата за здравје. Досега не сум бил воопшто, поднесов барање и чекам да ме викаат. Би одел во било која бања, Цар Самуил, Банско. Да скијам не можам, имам болки во ногата. Кои се повитални пензионери можат да скијаат - рече Владо Бурназовски, пензионер.

    Во последниве неколку години над 3.000 кумановски пензионери биле на бесплатно бањско лекување. Аплицирањето за оваа година е во тек и барања можат да се поднесуваат до 14 февруари во просториите на ПИОМ  од каде велат дека има голем интерес.