Пензионерите на излет во Лесновски манастир
18.09.2010 06:21
| KumanovoNews
Здружението на инвалидски пензионери за своите членови во вторник организира еднодневна екскурзија до Лесновскиот манастир, кај Злетово.

Екскурзијата се организира по повод православниот празник „Мала Богородица„. Тргнувањето е предвидено во 7 часот наутро од пред хотелот „Кристал„, а враќањето е во попладневните часови. Пензионерите планираат да заминат со еден автобус, а доколку има интерес ќе ангажираат и други возила. Во цената од 250 денари е вклучен и доручек.