×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет награди за младите техничари на „Крсте Мисирков„

    16.04.2011 17:03 | KumanovoNews

    Три први места, едно трето и една пофалница освоиjа домаќините, учениците од основното училиште „Крсте Мисирков„ на 48-та смотра на млади техничари и природници од Македонија, што денеска се одржа во Куманово.

    Пет награди за младите техничари на „Крсте Мисирков„

    На натпреварувањето учествуваа околу 200 ученици од повеќе градови, а се натпреваруваа во 20 области.

     Први места освоиjа: во областа роботика Михаил Денковски 6 одделение,кино и видео техника Михаил Поповски 6 одделение, астронаутика Бранислав Илиќ 6 одделение, трето место во воздухоплаовно моделарство Бојан Петковски 6 одделение и пофалница по автоматика освои Антон Жежов од 7 одделение.  

    Се натпреваруваа ученици кои освоиле први места во своите региони,поради што конкуренцијата беше многу силна. Сепак сме презадоволни што нашето училиште покажа извонредни резултати и го потврди успехот од регионалното натпреварување на училиштата од Куманово, Крива Паланка и Кратово што се одржа пред две недели-вели директорот Александар Саздевски.  

    Манифестацијата започна во 10 часот и ја отвори претседателот на Советот на општината Куманово Виктор Цветковски. Во 17 часот беа прогласени победниците, кои  добија дипломи.Со првите три места од ова натпреварување учениците можат да аплицираат за стипендија во средните училишта.

    Натпреварот се организира по повод Денот на просветните работници, а ја организира Народна техника на Македонија во соработка со Сојуз на клубови на млади техничари и Народна техника Куманово.