×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пијан кумановец нападнал полицаец

    06.03.2011 14:11 | KumanovoNews

     Зоран Т. (26) истепал полицаец од единицата за брза интервенција Алфи, затоа што во текот на вечерта  го привел.

    Пијан кумановец нападнал полицаец

    Инцидентот се случил вчера по полноќ, кога пијаниот прво бил однесен во Полициска станица затоа што на сила сакал да влезе во ноќен клуб, а потоа за да му се одмазди на полицаецот направил инцидент пред неговата куќа.

    Се започнало во 1.30 часот по полноќ, кога Зоран Т. заедно со двајца пријатели, во алкохолизирана состојба сакале да влезат во клубот „Тунел„. Обезбедувањето не им дозволило, при што тие почнале да се распрваат и сакале да се пресметаат со нив. Била повикана полицијата, и пијаните биле приведени. По распитот биле пуштени дома.

    Бидејќи Зоран Т. знаел еден од алфите кои го привеле, решил да му се одмазди и заминал пред неговата куќа во селото Тромеѓа. Во 4.30 часот почнал да чука на влезната врата, и се заканувал на домашните дека ќе ги убие и ќе им фрли бомба во куќата. Братот на полицаецот пријавил, и истата екипа повторно дошла на интервенција. Во меѓувреме Зоран Т. се сокрил во гаражата. Полицаецот што му било нападнато семејството, го пронашол натрапникот, кој се нафрлил врз него и со тупаници го удирал по главата и телото, при што му нанел видливи повреди. Против Зоран Т. ќе биде поднесена кривична пријава за напад на службено лице при вршење на работа.