Планинарите од “Козјак“ се искачија на Плачковица
26.05.2014 12:14
| KumanovoNews
Планинари од здружение спортско планинарски клуб “Козјак“ вчера го посетија планинарскиот дом “Џумаја“ на 1420 м надморска височина на планината Плачковица.

Тие пешачеа и се дружеа со колегите од радовишкиот планинарски клуб “Бел камен“.
Планинарите од “Козјак“ ќе организираат работни акции во планинарски дом “Длабочица„. Во јуни продолжува летната планинарска школа и настава во природа, а се планираат и посети на Грција и Бугарија заедно со планинарите од клубот “Кораб“ од Скопје.