Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението спортско планинарски клуб “Козјак“, викендов организираше ноќен марш по повод 10 години од загинувањето на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски.
Заедно со планинарите од друштвото “Руен“ од Крива Паланка и “Врв Плавица“ од Пробиштип маршираа на релација Куманово - село Арбанашко и оттука се упатија до планинарски дом Длабочица. Ноќниот марш планинарите од “Козјак“ го организираат по 9 - ти пат.
Вториот претседател на Македонија, Борис Трајковски загина во авионска несреќа на 26 февруари 2004 година во Мостар, БИХ.