Плата плус за медицинскиот персонал во Куманово
12.05.2015 09:28
| KumanovoNews
Медицинските работници од Куманово, кои беше ангажирани за спасување на повредените во полициската акција во Тоде Мендол ќе добијат еднократен финансиски надомест во висина од една месечна плата.

Со оваа Владата сака да ги награди вработените во Општата болница и Итната медицинска помош Куманово. Покрај кумановските, наградени ќе бидат и лекарите во клиниките во Скопје и тимовите на брзата помош од околните градови, кои помагаа во Куманово.